Дома Фото Што правеше Бејл додека Реал губеше од Тотенхем?

Што правеше Бејл додека Реал губеше од Тотенхем?

Реал Мадрид во понеделникот отпатува во Германија да настапи на Ауди Купот, а Герет Бејл не беше меѓу екипата.

Велшанецот веќе одамна не е во плановите на Зинедин Зидан, а тоа му го покажа и на натпреварот против Баерн кога го остави надвор од екипата, а подоцна се правдаше дека Бејл сам побарал да не игра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се пишува дека Бејл одбил да патува со екипата во Германија бидејќи е вознемирен и лут на Зидан и Перез бидејќи во последен момент му го стопираа трансферот во Кина, а после доаѓањето во Минхен тренерот на Реал ја кажа својата верзија.

„Бејл не допатува бидејќи не беше доволно спремен. После разговорот со клупските лекари најдобро за него беше да остане во Мадрид.“ – изјави Зидан.

Кралскиот клуб вчера го одигра натпреварот против Тотенхем и загуби со 1:0, а Бејл за тоа време имал друга занимација.

Играчот на Реал е фотографиран како игра голф за време додека неговиот тим губеше од лондонски Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Историјата се повторува – ѕвездата на Дортмунд се сели во Баерн

Баерн Минхен бара нов централен дефанзивец, а главна цел на баварците е Нико Шлотербек од …