Дома Македонски спорт Мак фудбал Што новото европско натпреварување значи за македонските клубови?

Што новото европско натпреварување значи за македонските клубови?

filip vtori

Eвропската куќа на фудбалот вчера и официјално потврди дека од 2021 година ќе стартува новото европско натпреварување Лига Европа 2.

Ова натпреварување стартува во 2021 година и ќе се игра во ист формат како Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе учествуваат 32 екипи. Освојувачот на Лига Европа 2 ќе обезбеди место во Лигата на Европа наредната сезона. Натпреварите ќе се играат во истиот термин со оние од Лигата на Европа (четврток), но и во уште еден дополнителен термин кој подоцна ќе биде потврден.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако се очекуваше ова да биде полесна шанса за македонските клубови да играат во Европа, натпреварувањето има и своја лоша срана.

Практично со ова натпреварување сите македонски клубови одат еден ранг подоле, односно клубовите ќе немаат премногу шанса за учество Лигата на Европа, она што му успеа минатата сезона на Вардар.

Шампионот на Македонија како и досега ќе оди во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Но доколку тука испадне продолжува Лига Европа 2. Доколку пак испадне во второто, тогаш продолжува во квалификациите за Лига Европа.

Шкендија изминатото лето стигна до плејофот за влез во Лигата на Европа, а во случај од 2021 македонски клуб да стигне до оваа фаза ќе обезбеди групна фаза во Лига Европа 2.

УЕФА коефициентот на Македонија ја сместува на 34-тата позиција, а тоа значи дека ќе почнуваме (освен шампионот) од првото квалификациско коло во Лига Европа 2, а не во Лигата на Европа. За да почнуваме од второто квалификациско коло треба да стигнеме до 29-тата позиција.

Во овој момент УЕФА се уште ги нема објавено паричните награди за ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…