После преодниот рок во кој Барселона досега и покрај финансиската криза има потрошено најмногу од сите клубови се појави изјава на дефанзивецот на Каталонците, Жерар Пике.
Изјавата на Пике пред девет години во 2013 е целосно спротивно од она што сега го гледаме на трансфер пазарот. На засилувања до сега летово Барселона потроши над 150 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реал Мадрид не освои ниту една титула и потроши 160 милиони евра за тројца играчи, Иљараменди, Иско и Бејл. Барселона не работи така. Ние знаеме да бидеме на високо ниво и да сме конкурентни без да трошиме многу пари“, изјави тогаш Пике.
Ова е целосно спротивно од тоа што го гледаме денес во Барселона. Сепак, во тоа време Барселона ги имаше Меси, Чави, Иниеста, Бускетс, Пике…Тоа беа играчи кои потекнуваа од „Ла Масија“, па на клубот не му беа потребни големи ивестиции. Работите со текот на годините се променија.