Дома Македонски спорт Мак ракомет Штета: Расположените Борко и Дибиров не беа доволни, пораз за Вардар во Португалија

Штета: Расположените Борко и Дибиров не беа доволни, пораз за Вардар во Португалија

Вардар вечерва ја започна серијата гостувања во Лигата на шампионите, црвено-црните гостуваа кај Порто во Португалија.

Порто беше фаворит, но Вардар прикажа добра игра и во најголем дел од натпреварот момците на Алушовски беа рамноправен противник. Вардар започна одлично и дојде до +4 (1:5). Сепак во продолжение Порто се врати и се играше гол за гол, па на полувреме се замина со 13:13.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со една серија од 4:0 Порто на на почетокот од вторите 30 минути направи предност од 17:13. Дојдоа Португалците потоа и до 21:16. Вардар не се предаваше и благодарение одличните интервенции на Ристовски и головите на Дибиров македонскиот претставник се врати во игра.

Во последните две минути од мечот Порто влезе со два гола предност (26:24). Тука Борко имаше една интервенција, а за жал Чупиќ не реализираше на празен гол па пропадна последната шанса на Вардар целосно да се врати во мечот.

На крајот Порто славеше победа со 27:24.

Борко Ристовски го заврши натпреварот со 15 одбрани, додека Дибиров беше најефикасен со девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

По Вардар на односот на Алкалоид се пожали и – Пелистер!

По реакцијата на Вардар на жалбата на Алкалоид, сега се односот на клубот од Автокоманда с…