Легендарниот Арпад Штербик поради пандемијата од коронавирусот одлучи пред време да ја заврши кариерата во која освои се што можеше да се освои.
Поранешниот голман на Вардар ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата, а со своите скоро 120 килограми цели две децении беше кошмар за противниците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во една од своите изјави Арпад сега признава дека не бил некој голем работник кога во прашање се тренинзите.
„На голот можеш да ме оставиш и 12 часа и нема да имам проблем. Но, само не ме терај да трчам и дигам тегови, тогаш нема да бидам расположен. Не е тоа за мене, не ми се допаѓа“, изјави Штербик кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година.