Дома Останати Ракомет Штербик не го заборава Вардар: Сите бевме како едно, верувавме дека можеме!

Штербик не го заборава Вардар: Сите бевме како едно, верувавме дека можеме!

Поранешниот голман на Вардар, Апрад Штербик и дефинитивно ќе стави крај на кариерата. Искусниот голман оваа одлука ја донесе поради големата принудна пауза поради коронавирусот.

Штербик минататан едела откри дека натпреварот кој со Веспрем го играше против Табања бил негов псоледен. Сега во интервју за ЕХФ ја потврди одлуката и појасни дека не размислува да стане тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој во иднина повеќе ќе се посвети на семејството, а македонската спортска јавност ќе го памети по настапите во дресот на Вардар. Штербик во дел од интервјуто зборуваше и за црвено-црните.

„Кога ќе погледнам наназад во 2017 година во Вардар имавме неверојатна самодоверба, сите верувавме дека можеме. Ние самите не помислувавме дека може да не успееме. Вардар ќе го паметам како фантастично искуство. Сите во клубот бевме како едно“, изјави Штербик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …