Откако синоќа беа познати сите полуфиналисти од Купот на кралот денес се одржа жребот кој донесе големо дерби во полуфиналето.
Имено, жребот сакаше двата најголеми фаворити Атлетико Мадрид и Барселона да се сретнат во полуфиналето, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Селта и Алавес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полуфиналните натпревари на програмата се веќе наредната недела, односно 1-ви и 2-ри февруари, а реваншите се за седум дена.
Титулата ја брани Барселона која има шанса да направи „хет-трик“, бидејќи го освои Купо и во 2015 и 2016 година.
Парови:
Атлетико Мадрид – Барселона
Селта – Алавес