Женската ракометна репрезентација загуби убедливо од Шпанија со 31-19 во третиот меч од квалификациите за ЕП.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски на почетокот од мечот играа солидно и му парираа на фаворизираниот противник, кој во завршницата од првото полувреме направи серија од 0:5 и поведе со 10:17.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме Шпанија тргна фуриозно, гостинските направија серија од 6-0 дојдоа до предност од 23-11 која ја одржаа до самиот крај за победа од 31-19.
Сара Ристовска со шест гола беше најефикасна, Јована Кипријановска постигна четири. Кај Шпанија Кабрал Барбоса даде седум погодоци.