Судот за спортска арбитража (CAS) ја прифати жалбата на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) против претходната ослободителна пресуда за случајот поврзан со прекршување на Правилникот за допинг кон шведскиот тенисер Микаел Имер кој сега доби 18 месеци суспензија.
Во јануари 2022 година, Имер беше обвинет за избегнување на тестирање надвор од конкуренција три пати во период од 12 месеци. 24-годишниот шведски тенисер реши да се бори против ова обвинение и беше ослободен по сослушувањето пред независен трибунал во јуни 2022 година. Сепак, ИТФ се жалеше на таа одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
CAS објави дека ИТФ побарала двегодишна забрана за настап на Швеѓанецот и дека судскиот совет делумно го прифатил жалбеното барање и затоа изрече забрана од 18 месеци.
„Со оглед на тоа што еднаш веќе сум ослободен од обвинението и дека сè уште со цело срце стојам на тврдењето дека не го сторив третото дело за кое се товарам, сметам дека е неправедно што решија повторно да ме судат и последователно да ме прогласат за виновен. Сето ова што е кажано, тешко ми е да ја разберам суспензијата од 18 месеци. Мислам дека не ги прекршив правилата и мојата совест е чиста, а Господ е мој сведок“, објави Имер на Твитер.
Микаел Имер моментално се наоѓа на 51. место на поединечната АТП ранг листа. На овогодинешниот Вимблдон стигна до 3. коло изненадувајќи го 9. носител Американецот Тејлор Фриц во 2. коло.