Eкипата на Јувентус одлично ја започна новата сезона. „Старата дама“ се уште нема примено гол во Серија А, а победи и на двата воведни натпревари во Лигата на шампионите против ПСВ и Лајпциг.
Против Лајпциг вчера Јувентус победи во еден возбудлив натпревар во кој со играч помалку успеа да направи пресврт од 2:1 до 2:3. Но, исто така на оваа средба тренерот Тијаго Мота беше принуден да направи две измени во првите 11 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во почетните минути од натпреварот повреди заработија Бремер и Гонзалез, а според првичните информации од Италија посериозна е онаа на Бразилецот. Бремер остана да лежи на теренот и уште веднаш беше јасно дека ќе мора да биде замент.
По мечот тренерот Мота не сакаше да дава коментар за повредите и истакна дека ќе ги чека резултатите. Меѓутоа ако се потврдат информациите дека станува збор за кинење на лигамнетите тоа би било кошмар за „старата дама“ затоа што најдобриот дефанзивец ќе ја заврши сезоната.