Дома Фудбал Италија Шок за навивачите на Рома: Нивниот нов стадион треба да го гради – навивач на Лацио!

Шок за навивачите на Рома: Нивниот нов стадион треба да го гради – навивач на Лацио!

Можеме само да замислиме како тоа ќе оди.

Она што требаше да претставува причина за оптмизам кај навивачите на Рома наскоро би можело да се претвори во нешто незгодно.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Веќе долго време се најавува изградбата на новиот стадион на Рома, време е да започне. Меѓутоа она што може да ги загрижи навивачите на Рома е Марсело Де Вито.

Во прашање е новиот член на граскиот совет кој треба да го одобри, Карло Марио Киоси кој дојде на оваа позиција на местото на неговиот претходник Марсело Де Вито. Киоси е голем навивач на Лацио и тоа не го криеше кога го запрашаа за проектот на „волчицата“.

„Имам некои свои идеи околу тој стадион. Читав нешто во медиумте, но морам да ги погледнам официјалните документи“.

Потоа се отвори полемика околу тоа дали во овој објект од јавно значење ќе учествува градот.

„Знаете како, јас сум навивач на Лацио и не ме интересира премногу новиот стадион на Рома“, изјави Киоси.

Човекот е барем искрен мора да се признае.

„Стадио дела Рома“ како што ќе се вика ќе може да прими 52.500 гледачи, а за неговата изградба би требало да бидат потрошени околу 300 милиони евра. Секако, доколку не настанат проблеми околу започнувањето со изградбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …