Дома Фудбал Италија Шок во Торино: Роналдо почна да следи друг клуб на Инстаграм

Шок во Торино: Роналдо почна да следи друг клуб на Инстаграм

Кристиано Роналдо беше видно незадоволен после поразот на Јувентус од Интер во Милано.

Се погласни се шпекулациите дека Роналдо размислува за заминување од Јувентус, а пред неколку дена се појави информација дека Манчестер Јунајтед веќе испратил понуда за Португалецот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да го вратат Роналдо на „Олд Трафорд“ и понудиле 60 милиони евра.

Сега уште повеќе се засилија шпекулациите откако Роналдо почна на Инстаграм да го следи својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Дали ова значи дека Роналдо се спрема за враќање на „Олд Трафорд“, ќе дознаеме набрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно Фернандеш би можел да се раздели со Манчестер Јунајтед: Што ќе го одреди неговиот останок?

Бруно Фернандеш, капитенот на Манчестер Јунајтед, ќе направи важна одлука околу својата ид…