Шкупи во последните денови од преодниот рок го потврди пристигнувањето на Мамаду Данфа.




20-годишниот напаѓач од Сенегал пристигна во Чаир, а денес позираше со дресот кој ќе го носи во наредните две години. Во Шкупи Данфа доаѓа од украинскиот Колос Коваливка. Сенегалецот игра по крилните позиции, а кариерата ја започна во Каса Спортс во Камерун.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
За младинската репрезентација на Сенегал до 20 години одигра три натпревари, а запиша еден настап и за сениорската.




Ќе потсетиме Шкупи пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ го отвори со пресврт и победата во дербито со Академија Пандев.