Енур Тотре во следната сезона нема да го носи дресот на Шкендија, потврди тетовскиот клуб.
По едногодишната позиција Тотре се враќа во украинска Ворскла Полтава.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Шкендија му се заблагодарува на Енур Тотре за посветеноста во времето поминато со нас. Изразуваме посебна благодарност до Ворскла Полтава за соработката и поддршката при оваа позајмица. На Тотре и Ворскла им посакуваме се најдобро во иднина“, објави Шкендија.
Во минатата сезона, Тотре одигра 31 натпревар за Шкендија во ПМФЛ и постигна пет гола.