Дома Трансфер зона Шкендија изненадувачки се раздели со Ендрит Красниќи

Шкендија изненадувачки се раздели со Ендрит Красниќи

Eндрит Красниќи кој пред една година пристигна во Шкендија изненадувачки го напушти клубот од Тетово.

Шкендија на социјалните мрежи објави дека се разделува со Красниќи поради лични причини на фудбалерот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Во овој момент Шкендија покажа разбирање, како и секогаш ставајќи ја благосостојбата на играчите во преден план. Одлуката на Ендрит да му се помогне во обидот да биде поблиску до семејството е доказ за вредностите кои ги практикува нашиот клуб“, објави Шкендија.

Красниќи во Шкендија дојде пред една година од Приштина, а играше уште во Дрита и шпански Луго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…