Дома Фудбал Англија Ширер се огласи откако Халанд го сруши неговиот рекорд: Потребни беа само 28 години…

Ширер се огласи откако Халанд го сруши неговиот рекорд: Потребни беа само 28 години…

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постави рекорд во Премиер лигата со голот во победата на Манчестер Сити над Вест Хем и така дојде до бројката од 35 голови со што го надмина рекордот кој го држеа Алан Ширер и Енди Кол.

Воодушевен од учинокот на Халанд е и легендарниот англиски репрезентативец чиј рекорд беше соборен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Овој рекорд не можеше да ги постави подобро момче. Беше потребно само 28 години. Тој е најдобар“, објави Ширер по 35-те голови на Халанд.

„35 голови во Премиер лигата? Тоа е лудило! Моите мисли се со Алан Ширер во овој тежок момент“, прокоментира уште една англиска легенда, Гери Линекер.

Енди Кол 34 голови постигна играјќи за Њукасл во сезоната 1993/1994, а Ширер своите 34 ги постигна една сезона претходно како напаѓач на Блекбурн Роверс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Технолошка иновација ќе дебитира во Серија “А” на дербито меѓу Јувентус и Интер

Саботното дерби меѓу Јувентус и Интер ќе се претвори во првиот натпревар во историјата на …