Дома Фудбал Италија Шевченко се понудил да биде тренер на Милан

Шевченко се понудил да биде тренер на Милан

Милан се наоѓа во резултатска криза како во Серија А, така и во Лигата на шампиони.

После синоќешниот пораз од Борусија Дортмунд има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето, па почнаа гласините за смена на тренерот Пиоли.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека легендата Шевченко се понудил да седне на тренеското столче на местото на Пиоли.

Во меѓувреме, газдата Гери Кардинале го одложил враќањето во САД и попладнево се сретнал со Стефано Пиоли, заедно со генералниот извршен директор Џорџо Фурлани.

Раководството му дало доверба на тренерот Пиоли и засега не размислува за тренерска смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…