Дома Фудбал Репрезентации Шевченко по неуспехот во Џенова се враќа на селекторска функција?

Шевченко по неуспехот во Џенова се враќа на селекторска функција?

Aндреј Шевченко имаше завидна кариера како играч, добро му одеше и на селекторската позиција во Украина, но во Џенова кој беше негов прв ангажман во клуб не се прослави.

Шевченко со Џенова забележа дури седум порази во 10 натпревари и успеа да оствари само една победа. Брзо доби отказ поради очајните резултати, а сега „ЕСПН“ пренесува дека Шевченко повторно може да се врати на селекторската работа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно легендарниот фудбалер е блиску да седне на кормилото на Полска. Покрај тоа се шпекулира дека ќе му асистира полската легенда, Јержи Дудек.

Дудек не буди добри спомени кај Шевченко затоа што токму тој му го одбрани пеналот во финалето во Лигата на шампионите кога Ливерпул стана европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…