Дома Фудбал Останато Швајцарскиот суд го ослободи Платини од обвинението!

Швајцарскиот суд го ослободи Платини од обвинението!

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој беше суспендиран и обвинет поради исплата од 2 милиони швајцарски франци од ФИФА, е ослободен од швајцарскиот обвинител.

Легендарниот француски фудбалер имаше стастус „меѓу сведок и обвинет“ во кривичниот процес против тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Против Платини никогаш не беше покрената ниту една кривична постапка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Доказите се однесуваа на Блатер и неговата дозвола ФИФА на Платини да му исплати два милиони долари во 2011 година.

Според „Ле монд“, во писмото пратено од Седрик Ремунд, швајцарскиот државен обвинител до адвокатот на Платини, Винсен Солари се потврдува дека Швајцарија нема да го гони легендарниот француски фудбалер.

„Можеме да потврдиме дека оваа процедура веќе нема да биде насочена против вашиот клиент, кој нема да биде обвинет“, се вели во дел од писмото.

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Планити изјави дека планира да му се врати на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…