Претстојниот двомеч во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Црвена Звезда, предизвикува голем интерес на Островот, а медиумите во Англија посебно внимание посветуваат на Џердан Шаќири и неговиот однос со навивачите на српскиот клуб.
Репрезентативецот на Швајцарија пред првиот натпревар кој е закажан за во среда од 21:00 часот се обиде да ја смири тензијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Воопшто не сум загрижен, тоа е нормален натпревар и така ќе постапам. Секако дека ќе има навивачи кои ќе ми упатуваат свирежи, но јас тоа го доживувам на секој натпревар. На крај тоа е само фудбал. Натпреварот е важен и сакаме да победиме. Спортот не е политика“, изјави Шаќири.
Последниот натпревар со Хадерсфилд го реши Мохамед Салах на асистенција токму на Шаќири, но Јирген Клоп не беше премногу задоволен од неговото издание на тој натпревар.
„Тој е многу емотивен и когаќ е забележи дека нешто прави послабо од она што го можеме знае да се вознемири и токму тоа го направи после натпреварот против Хадерсфилд. Можеби можеме да биде подобари офанзивно, но во одбраната одработуваме добра работа, а уште еден натпревар без примен гол може нас само да не радува“, заврши Шаќири.