Пред тимот на Шалке оваа сезона е тешка борба за опстанок, навистина тешко ќе им биде да ги надополнат изгубените бодови во првиот дел од сезоната, а во клубот изгледа сакаат да се спасуваат со повратници.
Од Арсенал веќе беше вратен Сеад Колашинац, за сега со Шалке да се поврзува и 37 годишниот Клас Јан Хунтелар. Холандскиот ветеран е под договор со Ајакс до крајот на сезоната и најави дека по завршувањето на сезоната ќе оди во пензија. Меѓутоа во Амстердам нема некоја значајна улога, покрај тоа Ајакс неодамна го доведе Себастијан Алер затоа Хунтелар можеби е и заинтересиран да се врати во Шалке.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шалке е клуб за кој покрај Ајакс Хунтелар најмногу даде. За Шалке Хунтелар настапуваше од 2010 до 2017 година и во тој период постигна 126 гола, во 2012 година со 29 голови беше најдобар стрелец во Бундеслигата.