Дома Македонски спорт Мак фудбал Чурлинов: Сакаме прво место во групата

Чурлинов: Сакаме прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација најпрво ќе и гостува на Летонија в четврток, а потоа ќе ги угостиме и Фарски Острови, во последните два меча во Лигата на нации.

Дарко Чурлинов сака со две победи да го завршат овој циклус на натпревари иако знае дека нема да биде лесно.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


„Нема поголема мотивација од тоа кога играш за Македонија. Натпреварите нема да бидат лесни затоа што денеска нема послаба или појака репрезентација. Сметам дека повеќето репрезентации во денешно време се на исто ниво. Од таа причина треба да дадеме сè од себе и да настапиме како што настапуваме на секој друг натпревар, а тоа е да дадеме 100 отсто и мислам дека сè ќе биде во ред“.

„Без разлика на тоа што сме први, важни ни се бодовите затоа што не носат и кон доминантно прво место во групата и за силна самодоверба за понатака за сите следни предизвици. Индивидуалниот квалитет не е толку важен како што е тимскиот квалитет, кој излегува на површина и ги носи резултатите. Оваа македонска селекција се темели на тимскиот квалитет“, истакна Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Не е само првото место во групата: Македонија денес треба да победи и поради – бараж за Мундијал!

Повторно репрезентации, игра Македонија. Последни два меча од Лигата на Нации. Четврток пр…