Дома Македонски спорт Чурлинов пред трансфер во Штудгарт!

Чурлинов пред трансфер во Штудгарт!

Според информациите на германските медиуми, поточно реномираниот „Кикер“ младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов е пред трансфер во Штудгарт.

Наводно, преговорите се во напредна фаза и македонскиот фудбалер уште во јануари ќе потпише за германскиот второлигаш.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во тесктот на Германците се надедува дека Штудгарт веќе подолго време го следи 19 годишниот фудбалер и се обидува да го доведе во своите редови.

Чурлинов во Келн беше дел од првиот тим, на почетокот на сезоната и запиша еден настап во Бундес лигата, но потоа одби да го продолжи договорот бидејќи беше вратен во вториот тим.

Актуелниот договор на  Чурлинов со Келн истекува во јули, меѓутоа Штудгарт не сака да чека до лето и сака да го доведе во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…