Дома Фудбал Останато Чудната клазула во договорот на Меси повеќе не важи

Чудната клазула во договорот на Меси повеќе не важи

Лионел Меси се уште не се договорил со Барселона за нов договор, барем тоа не е јавно објавено и не е официјализирано.

Аргентинецот има договор со Каталонците на уште една година и во клубот се свесни дека мораат да реагираат за Меси да го продолжи истиот. Меси како што е познато целата своја кариера ја помина во Барселона, меѓутоа додека соработката не е официјално продолжена сигурно ќе се поврзува со некои клубови кои можат да си го дозволат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од поодамна е позната желбата на Меси на крајот од кариерата да одигра некоја сезона во Њуелс Олд Бојс каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Сезоната требаше да заврши минатиот меси и Меси според тој договор можеше да почне да преговара со клубовите кои би покажале интерес. Меѓутоа, прекинот на сезоната ја промени таа ситуација.

„ЕСПН“ пишува дека клазулата за заминување на Меси без оштета која стоеше во неговиот договор истекла вчера. На овој начин Аргентинецот покажа дека не сака да ја напушти Барселона, барем не засега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видиќ или Ван Дајк? Џон Тери нема дилеми!

Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Не…