Дома Фудбал Лига на шампиони Чудна ситуација: Италијанците жестоко го критикуваат, а УЕФА го избра за најдобар

Чудна ситуација: Италијанците жестоко го критикуваат, а УЕФА го избра за најдобар

Рафаел Леао доби големи критики во италијанските медиуми по натпреварот против Њукасл.

На Леао најмногу му се замеруваше за одличната прилика која ја упропасти во првото полувреме сакајќи да постигне гол со пета. Но, УЕФА изненадувачки го избра за играч на натпреварот.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Во образложението по натпреварот се наведува дека Леао бил брз, силен и имал добри движења и претставувал констатна закана во шеснаесетникот.

Но, додека УЕФА го фали, Италија жестоко го критикува. Италијанските медиуми го оценија со најслаба оценка.

Според „Газета“ доби оценка 4.5, „Кориере“ го оцени со 5, а „Тутоспорт“ со 5.5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Над 3.000 деца ќе имаат бесплатен влез на натпреварот Македонија – Белгија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез на источната трибина…