Португалскиот хакер на „Фудбал Ликс“, Руи Пинто беше човекот кој на јавноста и ги откри матните работи на Манчестер Сити.
Пинто го хакирал клупскиот мејл на Манчестер Сити во 2015 година и откако ги собрал доказите ги објави на интернет и тогаш започна истрагата против англискиот клуб која вчера резултираше со забрана за настап во Лигата на шампионите наредните две сезони и парична казна од 30 милиони евра.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Од друга страна пак Пинто во овие моменти се наоѓа во затвор во Португалија и го чека судењето за 90 тужби кои пристигнаа на негова адреса.