Дома Македонски спорт Чичко Дончо ги мотивираше фудбалерите до 15 години пред турнирот во Италија

Чичко Дончо ги мотивираше фудбалерите до 15 години пред турнирот во Италија

Македонската фудбалска легенда, Андон Дончевски денеска во Кичево ја посети најмладата репрезентација на Македонија до 15 години предводена од Раде Каранфиловски.

Првиот тренер на репрезентацијата на Македонија им посака многу среќа и успех на младите репрезентативци, советувајќи ги дека дресот со државниот грб е нешто најсветло и најважно и дека секогаш е чест и голема гордост да се носи националниот дрес и да се бранат боите на репрезентацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Репрезентацијата на Македонија до 15 години од 5 до 9 април беше на тренинг камп во Кичево каде што се подготвуваше за претстојниот меѓународен турнир што ќе се одржи во Италија.

Меѓународниот контролен турнир во Италија ќе започне на 25. мај и ќе трае до 1. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…