Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се огласи по повод одлуката на Европскиот суд за правда за формирање на Суперлигата. Судот во Луксембург им забрани на ФИФА и УЕФА да им даваат било какви санкции на клубовите кои би учествувале (ТУКА).
Меѓутоа и во таква ситуација работата за Флорентино Перез и неговите соработници не оди лесно бидејќи европските клубови и без притисок од некакви казни почнаа да ја одбиваат идејата (ТУКА).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин е сигурен дека промени помеѓу клубовите нема да има.
„Можат да прават што сакаат. Се надевам дека ќе имаат одлично натпреварување со два клуба. Се смеам…Овој систем кој го претставија денес е дури и поблизок од оној кој беше презентиран во 021 година кога беше отфрлен од сите во фудбалот“, изјави Чеферин.
Чеферин додава и дека одлуката на Судот за правда не значи дека сигурно натпреварувањето може да се формира.
„Одлуката ја гледаме како можност да ги подобриме правилата. Фудбалот останува обединет и сите страни се заинтересирани да зборуваат заеднички јазик. Постои силен контраст помеѓу соопштението на Европскиот суд и самата пресуда. Пресудата е навистина позитивна“, додаде Чеферин.
Имаше и порака за шпанските гиганти.
„Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават. Фудбалот не е продажба“, истакна претседателот на УЕФА.