Дома Топ вести Четири европски гиганти се борат за потписот на Влаховиќ

Четири европски гиганти се борат за потписот на Влаховиќ

Италијанските медиуми пресуваат дека Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.

Влаховиќ требаше да биде прва ѕвезда во Јувентус кога пристигна за 80 милиони евра, но не се снаоѓа баш најдобро и не му одговара стилот на игра на Алегри.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Имено, Србинот не е задоволен од третманот во Јувентус и влегол во директен конфликт со тренерот Алегри, па и „бјанконерите“ се спремни да го продадат.

Според „Газета дело спорт“, за 23. годишниот напаѓач се заинтересирани Баерн Минхен, Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја почнале трката за неговиот потпис.

Јувентус за неговата слобода бара 65 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат, па Влаховиќ сигурно ќе има добар избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…