Дома Фудбал Англија Четворица фудбалери кои настапија за Сити оваа сезона нема да добијат медал

Четворица фудбалери кои настапија за Сити оваа сезона нема да добијат медал

Вчера Манчестер Сити ја освои четвртата последователна титула на шампионот на Англија, а четворицa фудбалери кои оваа сезона го носеа дресот на „граѓаните“ нема да добијат медали.

Имено, според правилата на Премиер лигата, освојувачот на шампионската титула добива 40 медали, кои се делат меѓу играчите и членовите на стручниот штаб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медалот по правило го добиваат играчи кои имаат најмалку пет настапи во една сезона, а тој критериум го исполниле 21 фудбалер на Сити.

Но, она што е уште поинтересно е што четворица фудбалери не го исполнија тој критериум.

Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, кој има 22 гола и 10 асистенции оваа сезона, ја започнакако играч на Сити и забележа еден настап пред да се пресели во лондонскиот клуб.

Палмер играше во натпреварот од првото коло против Барнли, а интересно е што тоа беше и единствениот настап за Емерик Лапорт, кој по тој меч се пресели во саудискиот Ал-Наср.

Еден настап забележа и Џејмс Мекати, по што беше позајмен во Шефилд Јунајтед, а за медалот најмногу ќе жали Калвин Филипс.

Репрезентативецот на Англија во есенската полусезона одигра четири од вкупно 21 натпревар. Во тие преостанати 17 натпревари седеше на клупата за резервни играчи, а Пеп Гвардиола не го користеше.

Потоа беше позајмен во Вест Хем во јануари, што значи дека му недостасуваше само еден натпревар за да добие медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…