Иако во еден момент се чинеше дека Барселона нема да мора да се занимава со потрагата по нов тренер, иднината на Чави сега повторно е неизвесна, нешто што и тој самиот го потврди со неговата последна изјава во медиумите (ТУКА).
Раководството најмногу му замерило на неговата изјава на прес-конференцијата по натпреварот против Алмерија кога зборувал дека Барселона нема пари да парира на останатите европски гиганти. Од тој момент одново започнаа најавите за негова смена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации опција за каталонскиот гигант сега се четири имиња. Тоа се: Ханси Флик, Рафаел Маркез Роберто Де Зерби и Томас Тухел
Во целата приказна се вклучува и Тиаго Мота, но најверојатно тој ќе го преземе Јувентус. Според некои извори, Тухел не сака да оди во Шпанија, туку посакува или да остане во Бундеслигата или да оди во Премиер лигата. Исто така, се објаснува дека Флик е желба на Лапорта, меѓутоа дека Деко сака да му даде шанса на Маркез, па така тие двајца важат за фаворити.