Лино Червар, доскорешниот селектор на македонската репрезнетација, во изјава за хрватските медиуми го најави своето заминување од клупата на Металург.
Червар, кој преку писмо испратено на адреса на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се раздели од националниот тим, наскоро ќе замине и од клупата на Металург.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Таму минав седум прекрасни години. Ќе видам уште колку време ќе седам на клупата на Металург. Мекедонија ќе ми остане во убаво сеќавање. Заминувањето не е лесно, но знаете дека дома секогаш е најубаво“, изјави Червар.
Червар в сабота ќе биде промовиран во нов селекторт на репрезентацијата на Хрватска, од чија клупа замина во 2010 година.