Дома Останати Ракомет Червар: Македонија е моја втора татковина, ќе навивам за момците на Кире

Червар: Македонија е моја втора татковина, ќе навивам за момците на Кире

Лино Червар не ги крие симпатиите кон Македонија пред Европското првенство кое ќе стартува на 13. јануари.

Во разговор за „Моцарт Спорт“ Червар ги анализираше селекциите во регионот и испрати поддршка за Лазаров и Македонија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Искрено, јас ќе навивам за мојата втора татковина, Македонија. Мораме да сме објективни, репрезентацијата на Македонија поминува низ многу промени доаѓа смена на генерации. Тимот го води најголемата легенда во државата, Кире Лазаров. Кире е човек кој го сакам и почитувам, сите треба да го следат неговиот пример. Иако рано влезе во тренерските води мислам дека има квалитет да покаже многу. Сигурен сум дека на ниту една репрезентација нема да и биде лесно со Македонија“, изјави Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првен…