Дома Топ вести Челзи се „штити“ од Реал: Спеми нов договор за Азар!

Челзи се „штити“ од Реал: Спеми нов договор за Азар!

Раководството на Челзи одлучи да му понуди нов примамлив договор на белгискиот интернационалец Еден Азар и со тоа да ги реши сите делиме за неговата иднина.

Азар, по доаѓањето на Антонио Конте на тренерската функција, игра во својата препознатлива форма.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Англиските медиуми јавуваат дека Челзи сака што побрзо да го натерат Азар да стави нов потпис, со кој тој треба да остане подолг период во Лондон, иако актуелниот договор му истекува дури во 2020 година.

За услугите на Азар е заинтересиран и Реал Мадрид, па затоа раководството на „сините“ сака што е можно побрзо да ја реши иднианта на Белгиецот.

Оваа сезона на 26 натпревари Азар постигна 11 гола и четири асистенции и е еден од најзаслужните што Челзи се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…