Челзи го обезбеди потписот на 16-годишен играч за врска од Финска, Џими Таурианен.
Станува збор за голем талент кој беше на проба во италинските гиганти Интер и Јувентус, а моментално настапува во Хелсинки.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Многу европски гиганти беа заинтересирани за неговиот потпис, но Челзи ги победи конкурентите.
„Со задоволство потпишувам договор со Челзи и за мене ќе биде чест да го носам дресот на овој клуб“, истакна Таурианен.
Финецот ќе се приклучи на академијата на Челзи од 1-ви јули, а веќе ги помина прегледите и стави потпис на договорот со „сините“.