Дома Фудбал Англија Челзи нема доволен број играчи за стартот на сезоната?!

Челзи нема доволен број играчи за стартот на сезоната?!

Челзи ова лето испраќаше играчи на позајмица и продаваше. Знаете ли кој играчи во овој момент останаа во Челзи?

Од Англија стигнуваат информации кои се неприфатливи Челзи во овој момент во првиот тим има само 17 играчи на располагање!

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Овој податок звучи уште повеќе неверојатно ако се знае дека првенството започнува за само десетина дена, па Антонио Конте веројатно ќе мора да повикува играчи од младинскиот погон за да ги пополни дупките.

Како Челзи дојде до ваква ситуација?

Шампионот во Премиер лигата остана без Немања Матиќ кој премина во Манчестер Јунајтед, покрај него заминаа Курт Зума, Нејтан Ејк, Асмир Беговиќ, Рубен Лофтус – Чик... Се очекува заминување и на Диего Коста кој е помеѓу споменатите 17 играчи.

Интересно, дури 26 фудбалери го напуштија Челзи ова лето, доколку ги сметаме и позајмиците.

Во клубот пристигнаа четворица, Кабаљеро, Рудигер, Мората и Бакајоко. Поради тоа имајќи ги проблем повредите на Еден Азар и Бакајоко, „сините“ би можеле да имаат проблеми во средината.

Матиќ повеќе го нема, останаа само Канте и Фабрегас, замина и Лофтус Чик во Кристал Палас на позајмица. Бакајоко е повреден, па на почетокот на сезоната Конте ќе може да смета само споменатите двајца.

Поради тоа Конте бара нови засилувања, се споменува Дени Дринквотер, а ќе видиме дали ќе успеат да го доведат. Италијанецот го изрази своето незадоволство поради тоа што Челзи пропушти прилика да доведе неколку засилувања, а неговиот тим изгледа ранливо во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за сла…