Приоритет на Челзи на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Ромелу Лукаку.
Белгиецот одигра фантастично во дресот на Интер и беше најзаслужен за освојување на шампионската титула.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Челзи ќе се обиде да ги искористи и веќе стапил во контакт со агентите на Лукаку.
После заминувањето на Конте и самиот Лукаку сериозно размислува да го напушти Интер, а покрај Челзи интерес за него покажува и Реал Мадрид.
Лукаку беше играч на Челзи од 2011 до 2014 година, па „сините“ се спремни да платат 80 милиони финти за да го вратат на „Стенфорд Бриџ“.