Дома Топ вести Челзи доведува уште четири засилувања – Еве кои!

Челзи доведува уште четири засилувања – Еве кои!

Минатогодишниот шампион на Англија, Челзи се уште не заврши со засилувањата на овој трансфер период.

Со оглед на тоа што веќе ги ангажираа голманот Вили Кабаљеро, стоперот Антонио Рудригер од Рома, играчот за врска Тимуе Бакајоко и напаѓачот Алваро Мората, а на нив потрошија 140 милиони евра, Конте не заврши.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Имено, во изјава за медиумите Конте истакна дека му требаат уште барем четири засилувања доколку сака да ја одбрани титулата од минатата сезона. Како што пишува „Sky Sports“, Конте обезбедил дополнителни пари од Абрамовиќ.

Иако трансфер периодот се ближи кон својот крај, Конте ќе мора да реагира брзо и да поработи на доведуваето на четири играчи за кого истакна дека му се голема желба. Станува збор за бекот на Јувентус, Алекс Сандро, стоперот на Саутемптон, Вергилиј Ван Дајк, крилниот играч на Лацио, Антонио Кандрева и напаѓачот на Свонси, Фернандо Љоренте.

Особено ќе биде интересно да се види што ќе се случи со Ван Дајк за кого од порано беше заинтересиран Ливерпул, а и други големи клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѕвездата на Леверкузен доживеа страшна сообраќајна несреќа🎥

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс имал страшна сообраќајна несреќа но поминал …