Дома Трансфер зона Челзи во проблеми: Мора да го врати играчот од позајмица во Астон Вила

Челзи во проблеми: Мора да го врати играчот од позајмица во Астон Вила

Тимот на Маурицио Сари се наоѓа во проблеми кога е нападот во прашање, па одлучи да го врати младиот Тами Абрахам кој моментално е на позајмица во Астон Вила.

21-годишниот фудбалер игра одлична сезона во Чемпионшип каде на 14 настапи постигна 11 гола, вклучително и четирите против Нотингем Форест.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алваро Мората има уште една лоша сезона, Жиру не гарантира голем број на голови, па „сините“ размислуваат да го вратат своето дете од позајмица уште во јануари.

Абрахам до сега има одиграно само три меча за првиот тим на Челзи, но се чини дека ќе биде валидна алтернатива за Сари. Меѓутоа, прашање е како на ова ќе реагира Астон Вила која има договор за позајмица на играчот до крајот на сезоната.

Абрахам е многу важен играч за Астон Вила која се бори за пласман во Премиер лигата, па сигурно нема лесно да го пушти напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…