Дома Топ вести Челзи, Атлетико и Милан во битка за „Петелот“

Челзи, Атлетико и Милан во битка за „Петелот“

Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.

Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Првата е од клубот за кој  не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.

Втората доаѓа од Атлетико Мадрид. Симеоне е во потрага по квалитетен напаѓач и верува дека Белоти би бил идеална опција. Додека третата понуда е од Премиер лигата, од тимот на Челзи.

Неговата цена во моментов изнесува 35-40 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер повторно се засилува за нула евра

 Интер тргнува по дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваат италијанските медиу…