Дома Фудбал Останато Чави распали по Нејмар: Подобро што си замина од Барса!

Чави распали по Нејмар: Подобро што си замина од Барса!

Легендата на Барселона, Чави не го криеше разочарувањето од ароганцијата на неговиот поранешен соиграч, Нејмар.

Бразилецот си поигра со еден противнички фудбалер за време на натпреварот против Рен. Нејмар доби жолт картон за стартот над Амари Траоре, па потоа тргна да му подаде рака на противникот, но ја тргна во последен момент и иронично се насмеа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таквиот гест наиде на осуда од јавноста, а Чави јавно го критикуваше.

„Многу сум разочаран од Нејмар. Се надевам дека со тек на време тој ќе се научи да ги респектира противниците. Во Барселона не можевме да го научиме на тоа и можеби подобро што си замина. Со таквото однесување големите фудбалери се претвараат во непотребни“, смета Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јамал прави нешто што ниту еден играч на Реал не смее (Видео)

Во времето на социјалните медиуми, Тикток и Инстаграм, фудбалот не е повеќе само игра на т…