25 ноември ќе остане запаметен како црн ден во фудбалската историја, на тој датум овој свет го напуштија две големи имиња – Диего Армандо Марадона и Џорџ Бест.
Џорџ Бест и Марадона имаат многу сличности, двајцата играа за навивачите да уживаат во нивната магија, а тие знаеа да се опуштат и да уживаат надвор од зелениот терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Бест кој остана запаметен како фудбалер и боем почина на 25. ноември пред 15 години. Светот ќе ја памети неговата легендарна изјава.
„Парите ги искористив за алкохол, жени и брзи автомобили, останатиот дел го потрошив“.
Уживајте сега двајцата и горе на небото, онака како што знаевте…