Вардар е на два чекори до пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта откако на едно коло до крај на мечевите од Главната фаза во ЛШ го потврди првото место и како лидер и фаворит влегува во четврт-финалето. Во меч од 5. коло од Главната фаза Вардар на домашен терен го победи Битигхајм со 30-22 (13-8) и со 16 бода е сигурно првопласиран.

Главната фаза од ЛШ Вардарки ја завршуваат на првото место. Прво во дебитанската сезона 2013/2014 стигнавме на Ф4 турнирот токму преку Главната фаза, но тогаш немаше четвртфинални натпревари туку од главната фаза директно се одеше на Ф4. Лани бевме први во Главната фаза повторно бевме првопласирани и игравме во четврт-финалето против Митјиланд, со то ашто реваншот беше во Скопје.
Сега ќе го чекаме исходот од последните две кола од Група 1 каде можни противници се НХФ Никобинг (Данска), Крим (Словенија) или Митјиланд (Данска).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар беше фаворит на оваа средба уште пред да почне натпреварот, а откако гостинките допатуваа во Скопје со 10 ракометарки (8 играчи и два голмана) стана јасно дека „црвено-црните” не би требало да имаат проблеми. Требаше само рутински да се заврши задачата, иако од искуство знаевме дека нема нималку да биде лесно. Слично беше и на првиот натпревар во Германија кога бундеслигашот играше одлично во првото полувреме, а потоа во следните 30 минути Вардарки го решија натпреварот во наша корист и со висока предност од „плус 12″ гола.

Вардарки и на овој натпревар имаа повторно проблеми на почетокот неможејќи да се одлепат резултатски и да си обезбедат мирен тек на средбата. Имаа неколкупати предност од два гола (4-2, 5-3 7-5), и секогаш Битигхајм наоѓаше начин и сили да израмни. Незгоден ривал се германските екипи, особено кога играме дома.

А кога на одбраната некогаш не и оди, тука е Амандин Лејно. Првпата одбрана ја имаше во 12 минута, па до крајот на полувремето собра пет одбрани. Кога Битигхајм израмни на 7-7 во 21 минута следуваа минути на Вардар, две одбрани на Лејно и два „лесни гола” на Лекиќ од вкупно три по ред со кои вардарки поведоа со 10-7, првпат дотогаш на средбата. Се чинеше дека тоа е период во кој е скршен отпорот на гостинките. Потоа Јованка Радичевиќ реализира пенал за ново водство, овојпат од „плус 4″, 12-8 во 27 минута. Можевме лесно и до повисоко водство, но и со играч плус (исклучена беше Шулце) не реализиравме и тоа во две акции по ред. Она што го пропуштивме на крајот во последните секунди го постигна Јованка Радичевиќ постигнувајќи го од својата половина на теренот искористувајќи го играњето на Битигхајм без голман.

Слично како и на претходниот меч во второто полувреме сѐ беше во знакот на Вардар. Амандин Лејно одбрани неколку напади, Вардар реализираше и „црвено-црните” имаа предност од 18-11 по што гостинскиот тренер логично побара тајм аут.
Победата веќе беше обезбедена, но требаше до крај да се заврши задачата и да не се дозволи опуштање. Во средината на полувремето Вардар стигна и до „плус 9″, а нашата клупа веќе почна да прави и измени во тимот, па на крилата веже беа Саздовска и Ристовска, на бек играше Хмирова а на пивотменска позиција играше Марија Петровиќ.

Андреа Лекиќ постигна 8 гола, Сара Ристовска 4, а по три постигнаа Пенезиќ, Радичевиќ и Цвијиќ
Во последното коло Вардар гостува кај Будуќност во Подгорица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…