Дома Фудбал Останато Цела Холандија е со Ајакс: Клубовите од Ередивизија се сложија да помогнат на својот ривал!

Цела Холандија е со Ајакс: Клубовите од Ередивизија се сложија да помогнат на својот ривал!

Настапот на Ајакс во Лигата на шампионите каде што ги елиминираше прво Реал Мадрид, а потоа Јувентус е причина за голема еуфорија во Холандија.

Ајакс се избори за полуфинале заедно со Тотенхем тим со кој ќе играат во полуфиналето е најпријатното изненадување оваа сезона. Холанѓаните на млад погон со играчи кои добар дел доаѓаат од нивната младинска школа успеаа да направат огромен успех.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колку е голем успехот на Ајакс доволно зборува податокот дека за целиот тим со кој стигнаа до оваа фаза потрошија околу 50 милиони евра. Сума која е навистина мала во споредба со денешните цени на фудбалерите на трансфер пазарот.

Холандскиот гигант има поддршка од цела Холандија и сите во нивната земја се горди на успехот кој го направаа, а дека останатите клубови од Ередивизија не им замеруваат покажува последниот потег кој го направија.

Имено, сите екипи од првата лига во Холандија се сложија целото 33-то коло од шампионатот во Холандија да го поместат за на крај од сезоната. Тоа коло требаше да се игра на 28-ми април, но ќе биде поместено за 15-ти мај.

Така Ајакс ќе има можност повеќе одморен да влезе во натпреварот против Тотенхем кој е закажан за на 30-ти април.

Навистина потег за респект на ривалите на Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…