Дома Македонски спорт Цапар го објави списокот за Фарски Острови и Ерменија: Без Чолаковски и Божиновски, но со Тошевски!

Цапар го објави списокот за Фарски Острови и Ерменија: Без Чолаковски и Божиновски, но со Тошевски!

Македонската репрезентација до 21 година на 7. октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12. октомври против Ерманија во Ереван ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2023 година.

Селекторот на младата репрезентација, Драги Канатларовски за двете гостински пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимив (Кадино);

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш 1930), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница);

Средина: Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дуго Поље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Методи Максимов (Работнички), Лука Трајковски (Борец);

Напад: Давид Тошевски (Горник, Полска) Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);

 Стефан Чолаковски и Метју Божиновски нема да можат да помогнат затоа што се во карантин во Австралија. Во составот се враќа напаѓачот на Давид Тошевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…