Русинот Данил Медведев загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 0:2 (6-7, 3:6) во сетови во четвртфиналето на турнирот во Мајами и така Медведев ја пропушти шансата брзо да се врати на врвот на АТП листата.
Ако Медведев стигнеше барем до полуфиналето експресно ќе го симнеше Ѓоковиќ од тронот, сепак тоа нема да се случи. Одлучувачки кон крајот на првиот и почетокот на вториот сет беше добриот сервис на Хуркач.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѓоковиќ за десетина дена се враќа на терените после неиграњето во Мелбурн и американската турнеја во Индијан Велс и Мајами.
Во полуфиналето Хуркач ќе игра против подобриот од Кецмановиќ и Алкараз.