Дома Фудбал Останато Хуманост на дело: Ѕвездата на Дортмунд обезбеди вода за 20.000 луѓе

Хуманост на дело: Ѕвездата на Дортмунд обезбеди вода за 20.000 луѓе

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми е роден во Германија, но тој не го заборава местото од каде потекнува неговиот татко, Нигерија.

Од 17-годишна возраст се занимава со хуманитарна работа со цел да им помогне на децата во Нигерија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во октомври, приказната го обиколи светот дека Адејеми и Вилфрид Ндиди донирале две станбени згради во Лагос.

Неговата фондација им обезбеди студентски стипендии на стотици нигериски деца, а деновиве Адејеми отиде чекор понатаму.

Со него во Нигерија пристигнаа и претставници на Борусија Дортмунд бидејќи германскиот клуб е решен да учествува во бројни хуманитарни акции.

Со заедничка акција фондацијата на Адејеми и Борусија Дортмунд им вода за пиење за 20.000 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ансу Фати на позајмица во Монако

Фудбалерот на Барселона Ансу Фати денес премина на позајмица во Монако до крајот на сезона…