Хрватскиот репрезентативец Јосип Брекало игра одлично во дресот на Торино каде ова лето пристигна на позајмица од Волфсбург.
Брекало минатото коло постигна два гола против Фиорентина и ги натера „биковите“ да донесат одлука уште овој месец да ја активираат опцијата за откуп.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Торино може да го откупи Хрватот на крајот на сезоната за 10 милиони евра, но раководството донесе одлука уште сега да го откупи договорот на крилниот фудбалер.
Причината за тоа е што Брекало со своите добри партии го привлече вниманието на неколку големи клубови, па неговата цена драстично порасна оваа сезона.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Торино веќе на лето може да го продаде хрватскиот репрезентативец за 20 милиони евра.