Дома Останати Тенис Хрват зборуваше сам со себе и пцуеше и изгуби на Вимблдон: Сега сум спремен за на психијатар!

Хрват зборуваше сам со себе и пцуеше и изгуби на Вимблдон: Сега сум спремен за на психијатар!

Борна Гојо важи за еден од најталентираните хрватски тенисери, а оваа година имаше можност да се најде директно на главниот турнир од Вимблдон без да игра квалификации.

Сепак, покрај добрата можност да се пласира во второто коло, тој падна првата пречка. Борна загуби од германскиот тенисер Масимилијан Мартер  (5-7, 7-6, 3-6, 4-6) и тоа во контроверзен меч во кој зборуваше сам со себе и гласно пцуеше.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По мечот и самиот тенисер призна дека имал проблеми.

„Сега сум зрел за на специјалист. Не работам со ниту еден специјалист во овој момент за проблемот кој го имам, но поминав десетина психолози и триестина психијатри.

Единствено што можат е да ме затворат во лудница. На некои специјалисти сигурно нема да им биде добро по сеансите со мене“, изјави Хрватот по поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…