Дома Останати Тенис Хит момент: Реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ по петти пат беше прогласен за најдобар во светот 🎥

Хит момент: Реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ по петти пат беше прогласен за најдобар во светот 🎥

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во Мадрид ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот во 2023 година.

Ова е петти пат како Ѓоковиќ ја добива наградата за најдобар спортист на годината, со што се изедначи со поранешниот швајцарски шампион Роџер Федерер.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најдобриот светски тенисер во овој момент претходно ја добиваше оваа награда во 2012, 2015, 2016 и 2019 година.

Во Мадрид се собраа многу спортски великани. Меѓу нив беше и еден од најголемите ривали во текот на кариерата, Рафаел Надал, со кого одигра дури 59 меча (30-29 за Ѓоковиќ) и кому како што изгледаше веројатно не му беше сседно што Ѓоковиќ и понатаму освојува престижни награди, а тој се мачи со повредите и формата во својата последна сезона во кариерата.

Реакцијата на Надал додека Ѓоковиќ држеше говор и ја примаше наградата предизвика големо внимание и коментари на социјалните мрежи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема да се пензионира пред крајот на 2028 година!?

Иако сезоната не му е на највисоко ниво, српскиот ас Новак Ѓоковиќ и понатаму е центар на …